– ММС
Вести Свет

Деветгодишно дете обвинето за пет убиства во САД

Деветгодишно дете во забавен парк во Илиноис, САД, се товари за убиство на три деца и двајца возрасни откако намерно подметнало пожар во паркот. Во пожарот се задушиле едно едногодишно и две двегодишни деца, 34-годишен маж и 69-годишна жена. Обвинителот Грег Мингер не го открива полот на детето и дали е во евентуално сродство со некого од настраданите.

Детето ќе добие адвокат и ќе му се суди пред судија. Ако биде осудено, се очекува да добие условна казна и тоа не подолга од неговата 21. година живот. Тоа би била втора пресуда против дете за масовно убиство во САД од 2006 година наваму, пренесува АП.

Лограње

X

Регистрација