– ММС
Вести Македонија

Варвициотис: Преговорите само со една земја кандидат може да донесат дестабилизација

Поради присутноста на албанскиот елемент во регионот, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат може наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница. Ова го порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис говорејќи на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент.

Според него, Грција смета дека ЕУ треба да даде зелено светло за почеток на преговори истовремено за Македонија и Албанија и да нема разделување на кандидатурите на двете земји, јави дописничката на Медиумската информативна агенција од Атина.

– Бидејќи албанскиот елемент е присутен во целиот регион, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница. Затоа нашата земја смета дека треба истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји, односно coupling, наместо раздвојување, т.е. decoupling – објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција пред членовите на парламентарната комисија

На денешната седница на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент тој ги презентираше стратешките цели на грчката надворешна политика, говореше за темите кои што се во негова надлежност, како што се прашањата поврзани со Европската унија, европската перспектива на земјите од регионот, Брегзит и сл.

Свои обраќања на комисијата имаа и претставниците на останатите партии, кои ги изнесоа нивните ставови за темите поврзани со надворешната политика и поставија прашања до Варвициотис, по што седницата продолжи зад затворена врата.

Лограње

X

Регистрација