– ММС
Вести Свет

Босанец и тројца Словенци тргнаа со „југо“ на пат од Крагуевац до Њујорк

Данило Миловановиќ (27) од Приедор, БиХ, кој сега живее во Словенија, тргна со автомобил „југо“ стар 29 години, ни помалку ни повеќе, до Њујорк, каде што „југото“ ќе го продава на аукција.

Во САД патува заедно со тројца пријатели од Словенија, а тргнаа од Крагуевац, каде што во 1977 година почнало производството на легендарниот автомбил во СФРЈ. Ќе возат до Лондон, а продолжуваат со траект преку Атлантикот.

„Целта не ни’ е од патувањето долго 3.500 километри да правиме спектакл. Сакаме во секој град каде што ќе застанеме да сретнеме луѓе кои на било кој начин се поврзани со легендарниот автомобил. Ќе поминеме низ Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Франција, Белгија и Велика Британија. Во Лондон ќе бидеме на 25 октомври – истакнува Миловановиќ за „Независне новине“.

Нивниот проект го нарекле „Y“, а бидејќи се уметници, ќе снимаат и документарен филм од целото патување. „Југото“ се продаваше и тоа добро, но само на почетокот, и во САД, а подоцна таму стана и предмет на шеги.

Лограње

X

Регистрација