ММС

ПОЦ го презема бележењето на хоризонталната сигнализација во општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) од наредната година целосно ќе го преземе бележењето на хоризонталната сигнализација на улиците и паркиралиштата на територија на Општина Центар.

Претпријатието за таа цел набави нова машина за бележење на хоризонталната сигнализација на американски бренд „Graco” со која редовно ќе се бележат општинските улици и паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

Набавката е преку економскиот оператор ГФП ДОО Белград, и ангажирањето на оваа механизација чини 700.500,00 денари – соопштија од Претпријатието.

-ЈП Паркинзи на Општина Центар планира да започне со редовно бележење на улиците и паркиралиштата во март 2020 година, кое ќе придонесе добро уредена, ефикасна и безбедна хоризонтална сигнализација на територија на Општина Центар – информира ПОЦ.