ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/8/19 10:21 AM

Кинезите најголеми љубители на свинско и сланина: Одгледуваат свињи од по половина тон

Кинезите ја обожуваат сланината. Љубовта кон неа и свинското месо е толку голема што сточарите почнаа да гојат џиновски свињи за да успеат да го задоволат пазарот.

Во Нанинг, седиште на провинцијта Гуангси, сточарите чуваат свињи тешки по половина тон, што приближно е тежина на голема бела мечка, пренесува „Блумберг“.

Џиновските свињи од 500 килограми се продаваат за околу 1.500 долари, а тоа е трипати повеќе од платата во провинцијата.

Ваквата практика станува вообичаена во Кина. Големите свињи стануваат неопходност за сточарите за да успеат да се изборат со свинскиот грип што ја десеткуваше популацијата на свињи во азиските земји.

Кинезите јадат повеќе од половината од светското производство на свинско, со што Кина е убедливо најголем негов потрошувач во светот. Намалувањето на бројот на свињите на кинескиот пазар поради свинскиот грип најверојатно ќе доведе до пораст на цените на глобалниот пазар.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1