ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/8/19 9:25 AM

Беше едно од најголемите езера во светот, а денес е пустина и гробница на бродови

Некогаш многу големото Аралско Езеро сега може да се нарече пустина зашто човечката глупост го уништи секој облик на живот во него. Се наоѓа среде азиските степи, на границата помеѓу Казахстан и Узбекистан, а рибарската флота се распаѓа на површината која некогаш беше езеро на теритоијата на поранешниот СССР.

Некогаш четвртото по големина езеро во светот сега веќе не е Аралско Езеро туку Аралска пустина зашто вода одамна нема на оваа површина. Уште советските власти ги пренасочиле реките Аму Дарју и Сир Дарју што го полнеле Езерото, за во тоа подрачје да може да се одгледуваат ориз, бостан, жита и памук. Но, поради отпадот што се испуштал во реките, земјата останала неплодна, а со исчезнувањето на езерото и на рибарската индустрија рапидно се зголемила невработеноста, па поголем дел од населението во тој крај се иселил.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1