– ММС
Забава

Елтон Џон објавува автобиографија: Во книгата детали за запознавањето со принцезата Дијана

„Јас, Елтон Џон“ е насловот на автобиографската книга која наскоро ќе ја објави пејачот Елтон Џон. Британските медиуми веќе објавуваат детали од книгата, во која меѓу другото, е опишан и моментот кога Џон ја запознал принцезата Дијана.

Тоа се случило 1981 година, непосредно пред таа да се омажи за принцот Чарлс, на роденденска прослава на британското кралско семејство, којашто поп-пејачот ја опишува како „најтивката диско-забава на светот”.

– Се појави кралицата, со чантичката в рака. Пријде и праша дали смее да ни се придружи. Потоа, се обидов да танцувам што е можно потивко со принцезата Ен и со кралицата – додека на таа, ми се чини – најтивката диско-забава на светот, музика пушташе Бил Халеј, пишува Елтон Џон. Тогаш во салата за танцување влезе Дијана. Веднаш се пронајдовме и го минавме остатокот од вечерта танцувајќи заедно – додава тој.

После тоа, Елтон Џон и принцезата Дијана останаа пријатели сѐ до нејзината смрт.

– Откако ја запознав, таа е извонредно друштво, најдобар гостин на секоја вечера, неверојатно индискретна, вистинска „озборувачка“: Можевте да ја прашате што било, таа ќе ви кажеше. Како нејзин пријател, таа ме воодушевуваше – пишува Џон.

Караницата на холивудските ѕвезди околу Дијана.

Во раните 1990-ти, Дејвид Фурниш – сегашниот сопруг на Џон, дошол во Лондон со тогашната сопруга и пејачот им приредил вечера. Кога ги прашал кого посебно сакаат да го запознаат, тие веднаш одговориле – принцезата Дијана.

– На вечерата, освен принцезата Дијана ги повикав и Џорџ Мајкл, сценаристот Ричард Куртис и неговата сопруга Ема Фрауд и глумците Ричард Гир и Силвестер Сталоне И, тогаш меѓу Ричард Гир и Дијана се појавила „искра“. Во тој миг таа и принцот Чарлс веќе биле разделени, а Гир штотуку раскинал со Синди Крафорд. Сепак, нивното пријателство не му се допадна на Сталоне, па тој побесна… Така, кога вечерата беше послужена, Гир и Сталоне веќе не беа таму – раскажува Џон.

Лограње

X

Регистрација