ММС

Објавено на: 10/5/19 8:35 AM

Слика со мајмуни во британскиот парламент продадена за повеќе од 11 милиони евра

Една од најпознатите слики на мистериозниот уметник Банкси, која прикажува мајмуни како расправаат во британскиот парламент, е продадена на аукција во Лондон за рекрордни повеќе од 11 милиони евра.

Сликата на уметникот чиј вистински идентитет не е познат е со големина од 2,5 на 4,2 метра, а порано била проценета на околу два милиона евра. Сега е продадена за 13 минути, а идентитетот на купувачот не е познат.

Сликата прикажува шимпанза како седат во клупите на британскиот парламент, на местото на пратениците во Долниот дом.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1