– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Поради улична трка в недела дел од автобусите на ЈСП ќе бидат пренасочени

Во недела (6.10.2019 година) поради одржување на уличната трка „Скопје трча 10 км”, во периодот од 7.30 часот до 11.30 часот одредени автобуски линии ќе возат по изменет режим на сообраќање.

Целосно затворени за сообраќај ќе бидат:
*булевар „Илинден“ во двете насоки, од раскрсницата со булевар „Климент Охридски“ до улица „Никола Парапунов“
*улица „Никола Парапунов“, од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански одреди“
* булевар „Партизански одреди“ во правец према Ѓорче Петров, од раскрсница со улица „Љубљанска“ до улица „Ангел Динев“ (мост Влајко)

Времено затворени:
*булевар „8 Септември“, од раскрсница со булевар „Партизански одреди“ до улица „Скупи“ ( Хубо маркет)
*улица „Бледски договор“

Пренасочени ќе бидат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11А, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А, 59 и 60.

Линиите 2, 4, 11, 11А, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А и 60 во правец према Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ “Сити мол“, ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса.
*во обратен правец линиите ќе возат по својата вообичаена траса.

Линија 8, од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжува по булевар „Партизански одреди“, ќе сообраќа се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжува кон својата почетна постојка.

*во обратен правец, се до Соборен хром ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“, па по својата вообичаена траса.

Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.

Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15.

Линиите 15, 15А и 19, за терминал во Карпош ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59, информираат од ЈСП- Скопје.

Лограње

X

Регистрација