ММС

Објавено на: 10/4/19 10:25 AM

Поради Брегзит, богати Британци парите се’ повеќе ги кријат во Швајцарија

Швајцарските банки во последно време бележат значително повеќе богати клиенти од Велика Британија, кои го селат имотот во странство за да избегнат хаотичен Брегзит, но и можни повисоки даноци во случај на изборна победа на лабуристите, пишува „Ројтерс“.

„Во изминатите месеци тројно се зголеми бројот на сметки отворени од Британци“, рекол извор од меѓунарона банка во Швајцарија, кој навел и оти тој интерес за селидба на парите во швајцарските банки во последните седмици бил уште поголем.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1