– ММС
Вести Македонија

Бизнисот со канабисот причина за препирка меѓу Милошоски и Заев

Премиерот Зоран Заев и производителот на канабис, Мајкл Страумитис познат како Биг Мајк зборувале за инвестиции во земјава, на средбата која се одржа во Владата на крајот од август. Премиерот денеска изјави дека тие не зборувале за законско решение, иако признава дека Владата сака да се измени Законот за опојни дроги, со цел подобрување на легислативата.

„Намерата на Законот кој една година се работи со заинтересирани инвеститори и коморите, е дополнително да се зајакне контролата на медицинскиот канабис исклучиво за медицински цели. Дефиниран е начинот на кој тоа производство ќе може да се извезе, а обезбедено е 10 проценти од бруто производството да биде приход на државата. Дeфинитивно, не разговаравме за Законот бидејќи за него разговаравме со правници од Канада, Израел со компании од Холандија и слично. Законското решение е европско, модернистичко. Помина на седница на Владата и ќе дојде по редовна постапка во собранието да се издискутира до крај“, изјави денеска Заев, откако пратеникот Антонио Милошоски на денешната седница за пратенички прашања  праша зошто Владата не информирала за оваа средба, туку јавноста тоа го дозна преку социјалните мрежи.

Средбата со Биг Мајк беше на 27 август во доцните часови, бизнисменот стигнал со приватниот авион, а од Владата немаше никакво соопштение. Во меѓувреме ос самиот Биг Мајк дознавме дека тој е водоушевен од потенцијалите на државата и

Заев пак од собраниската говорница, порача дека средбата не била тајна, иако прес службата не информираше за тоа. Тој додаде дека ако целта било да се држи средбата во тајност, немало воопшто да се фотографира со Страумитис.

 

Лограње

X

Регистрација