ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/2/19 6:13 PM

Црвенковски не сака да го коментира Верушевски

Поранешниот претседател на СДСМ и на Македонија, Бранко Црвенковски не сака да го коментира сведочењето на Зоран Верушевски дека нелегално прибавените телефонски разговори во 2010 година прво биле носени во тогаш опозициската СДСМ, а екс разузнавачот ги анализирал како надлежен за безбедносна политика.

Алфа ТВ став побарала во кабинетот поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Тие прашале како екс претседателот го коментира сведочењето на Верушевски, дали навистина како лидер на опозициската СДСМ ги примил т.н. бомби и колку материјали биле доставени во партијата? Од кабинетот кусо одговориле дека Црвенковски останува на својот став да не коментира актуелни теми, вклучително и оваа.

Во последното сведочење за предметот на СЈО „Таргет- Тврдина“ екс разузнавачот Верушевски предизвика низа од реакции во јавноста откако во својство на сведок се огради од „бомбите“ и рече дека тие уште во 2010 година биле носени директно во седиштето на опозициската СДСМ. Тој со исказот фрли сенка врз разговорите тврдејќи дека тие после неговото апсење во јануари 2015 биле „страотно модифицирани“.

(Извор – ТВ Алфа)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1