ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/2/19 5:20 PM

Меѓу одбиените во новата агенција се и разузнавачи – учесници во настаните од 27-ми Април

Контраразузнавачи, вработени во УБК, кои се евидентирани како учесници во настаните од Собранието од 27-ми Април побарале работа и во новоформираната АНБ. Сите се одбиени и се насписокот од 50-тината кои не ја поминаа безбедносната проверка. Тие се оценети како „безбедносно ризични“.  Дел од тие што не се примени,  не поседувале безбедносни сертификати, а дел не дошле на интервјуата кои им биле закажани. Според законот сите кои не конкурирале добиваат работно место во МВР, а тие кои конкурирале но биле безбедносно ризични, ќе добијат друга државна работа.

Кај 11 кандидати е утврдено дека имаат судир на интереси. Над 16 отсто од примените пак се од малцинските заедници. Двојното државјанство бил елиминаторен фактор односно критериум. Вработени кои се висококвалификувани, како што се познавачи на ретки јазици, ќе имаат приоритет при евентуални нови вработувања во АНБ, откако ќе ја завршат, како што најавиле некои од нив, по отпочнатата постапка за отпуст од друго државјанство. Една десетина од пријавените кандидати, останале на листата на чекање, со можност да бидат примени при дополнителната проверка.

Обвинети во случаите на СЈО меѓу кои и „Таргет“ и „Тврдина“, не конкурирале за вработување во новата Агенција за национална безбедност. Меѓу нив и бегалците, вработените во УБК Никола Бошкоски и Горан Грујовски, кои се наоѓаат во Грција, а се обвинити во овој случај на СЈО.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7