ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/2/19 5:04 PM

Чичаковски кој „падна“ поради бонусите во ДИК стана судија во Управниот суд

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, од денеска е нов судија во Управниот суд. Со мнозинство гласови на денешната седница на Судскиот совет, Чичаковски е избран заедно со сопругата на довчерашниот специјален јавен обвинител Артан Ајро, Елеонора Ајро.

Денеска на седницата Судскиот совет избра десет претседатели на судови. Илир Сулејмани, едногласно доби втор мандат и во наредни четори години ќе го води Основниот суд Скопје 2, кој одлучува по граѓански спорови. Основниот суд во Штип ќе го води судијата Ѓорги Андонов. Втор мандат доби  актуелниот претседател на делчевскиот суд, Миле Ѓорѓиев. За претседател на Основниот суд Битола избран е судијата Миле Димовски. Управната судијка Исмета Амет беше избрана за претседател на Вишиот управен суд. Вишите управни судии кои ѝ беа конкуренција, не ги добија потребните гласови.Судијата Лазар Нанев не го доби потребното мнозинство да биде избран за претседател на Основниот суд Кавадарци.Велешкиот суд ќе го води Лидија Димова, додека за претседател на Основниот суд Прилеп Судскиот совет го избра Зоран Стеваноски, откако четворицата кандидати пред него, не добија мнозинство гласови. Амдије Зенку е нов  претседател на Кичевскиот основен суд, а за претседател на Основниот суд од Крива Паланка избрана е Љубица Цветковска-Стојановска. Билјана Толова е изгласана за Основниот суд Неготино.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7