ММС

Објавено на: 10/1/19 6:36 PM

Започна новата академска година, најмногу студенти запишани на УКИМ

Вкупно 10.354 студенти денеска го имаа првиот академски час. Според податоците на Министерството за образование и наука, универзитетот со најголем број запишани студенти е „Свети Кирил и Методиј“, 5612.

1600 студенти се запишале на Универзитетот во Тетово, 1311 студенти  на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, 1137 студенти се запишале на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола,  619 студенти се запишале на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и 75 студенти  на Универзитетот „Апостол Павле“ – Охрид

Насоките на природно-математичките науки и натаму остануваат на дното на списокот, како најмалку претпочитани од страна на студентите. Деканот на Факултетот за природно- математички науки во „Кирил и Методиј“, Ицко Ѓоргоски, вели дека и покрај стипендијата од 300 евра за оние што ќе се запишат на насоките физика или математика, оваа мерка немала никаков ефект врз зголемувањето на бројката. Физиката ја претпочитаат само 16 студенти, односно 11 помалку од лани, додека само 2 од нив претпочитаат наставна физика. Оваа состојба, според деканот Ѓоргоски, нема да се промени сè додека за работните место одлучува политиката.

Ректорите на универзитетите во нивните говори побараа од студентите по завршувањето на студиите, индексите да не ги претворат во пасоши за заминување од земјата, туку да останат и да го дадат нивниот придонес за напредок на земјата на европско ниво.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1