– ММС
Вести Свет

Храбар питбул загина спасувајќи ги децата на сопственикот од отровна змија

Осуммесечниот питбул Зевс загина во борба со голема змија-отровница обидувајќи се да ги спаси децата на својот сопственик во округот Сумтер на Флорида, САД.

Кучето четирипати било касанто од змијата кога во дворот на куќата истрчало помеѓу змијата и двете братчиња, кои, играјќи си, не забележале дека им се приближува отровницата.

Таткото на децата, Гери Ричардсон, веднаш го однел миленикот Зевс на ветеринар, но од отровот следниот ден кучето пцовисало. И змијата не прежиевеала од каснувањата во борбата со питбулот.

Таткото Гери вели дека животот на неговите синчиња му го должи на Зевс и додава дека, наспроти некои негативни мислења за питбулите, тие биле најверни кучиња што ги знае, а од Зевс нераздвојни биле и неговите деца.

Лограње

X

Регистрација