– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Казни од полицијата за десет возачи во Скопје, кои возеле под дејство на алкохол

На подрачјето на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, полицијата презела мерки и активности, при кои констатирала дека 17 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 30 возачи, од кои: девет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП.  Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престигнување, три возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден, издадени се 76 мандатни платни налози, а 57 возила се подигнати со специјално возило „пајак” – соопштија од полицијата.

Лограње

X

Регистрација