ММС

Објавено на: 09/30/19 3:25 PM

Црвено, жолто, зелено… Добар трик за децата да го засакаат зеленчукот!

Ако сакате детето да јаде повеќе зеленчук, сервирајте му повеќе видови, на смени. Еден ден тиквички, втор ден брокула, трет грашок и така натаму.
Австралиските научници тврдат дека овој трик е одличен за малите пребирачи.

– Понудете им на децата различни видови на зеленчук затоа што така ја зголемувате веројатноста дека тие конечно ќе започнат со јадење без негодување – објаснуваат експертите.

Тие спроведоа експеримент во кој учествуваа деца помеѓу четири до шест години. За време на студијата на една група во текот на пет недели три пати неделно им била понудена брокула, додека другата група добила разни зеленчуци. Три месеци подоцна научниците откриле дека децата од групата на кои им било дадено различен зеленчук јаделе двојно повеќе.

Извор: denar.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.