ММС

СВР Штип: За шест часа од сообраќај исклучени 16 возачи под дејство на алхохол

СВР Штип, во периодот од 22.00 часот на 28 септември до 04.00 часот на 29 септември, спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Од извршената контрола кај 16 возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите биле исклучени од сообраќај, на сите им биле одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Санкционирани се и 30 останати прекршоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.