ММС

Објавено на: 09/30/19 10:50 AM

Каракачанов и Борисов се обединија – нема безусловна поддршка за Македонија

-Не можеме безусловно да ја поддржуваме Македонија. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, по средбата бугарскиот претседател Румен Радев.

-Времето за игра е завршено, рече тој. Според Каракачанов, Македонците си поиграа со Бугарите. Поради тоа, Бугарија  ќе постави услови за Северна Македонија, кажа лидерот на ВМРО. Сепак, тој повтори дека сака Македонија и Албанија да одат заедно во преговорите за пристапување во ЕУ.

Премиерот Бојко Борисов по излегувањето од средбата кажа дека „до вчера зборувавме дека сме еден народ, да речеме дека сме братски луѓе“, потенцираше премиерот. Борисов повика на прекин на, како што рече „тековната братоубиствена пропагандна војна во Северна Македонија“. Борисов кажа дека не сака Бугарија да го запре  соседот за членство во ЕУ. А ако тоа се случи, ќе биде запишано во историјата.

-Никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме нивното влегување во ЕУ, рече премиерот. Тој инсистира на итни средби меѓу Бугарија и Северна Македонија .

-Нека престанат да си играат со историјата, минатото и да се концентрираат на иднината.Влегувањето на Северна Македонија во ЕУ е важно, но тоа нема да биде на наша сметка, рече премиерот.

ГЕРБ и ОП беа обединети во својата позиција.

-Каракачанов како војвода е поцврст, неговите шлаканици се во говорот, ние зборуваме повеќе дипломатски, објасни премиерот.

Тој ги советуваше Македонците да не ги трошат своите шанси за членство во заедницата.

Борисов ја критикуваше опозицијата бидејќи не ги испрати своите водачи на состанокот, и покрај важноста на темата. Претставник на БСП на средбата со претседателот беше Кристијан Вигенин, заменик претседател на Националното собрание и поранешен министер за надворешни работи.

Според Вигенин, средбата била важна затоа што било неприфатливо ваквите прашања да се вмешаат во владата. Според него, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева се на спротивни позиции.

-Ние сме во ситуација кога мораме цврсто да ги истакнеме своите ставови, вели Вигенин. Нашата земја е за членство на Македонија во ЕУ, но не и безусловно, изјави Вигенин, кој очекува позиција од кабинетот.

Преговорите со Македонија не значат членство во ЕУ, а самиот пристап е долг процес. Левицата очекува добрососедски односи од Македонија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.