– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Ќе се мери носивоста на коловозот на патната делница Битола – Меџитлија

Јавното претпријатие за државни патишта денеска во период од 12:00 до 16:00 часот ќе врши мерење на носивоста на коловозот на патниот правец А3, делница Битола -Меџитлија, поради што се апелира за трпеливост и внимателност од страна на возачите.

-Се известуваат возачите кои ќе го користат државниот пат А3, делница Битола – Меџитлија, дека на ден 30 септември 2019 година (понеделник), во период од 12:00 до 16:00 часот ќе се вршат мерења на патот со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавното претпријатие за државни патишта. Постапката се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница, соопшти денеска Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму информираат и дека денеска интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

МИА

Лограње

X

Регистрација