ВМРО-ДПМНЕ: „Рекет 2" не смее да помине неказнето (Видео)
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/19 1:49 PM

ВМРО-ДПМНЕ: „Рекет 2″ не смее да помине неказнето (Видео)

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за случај „Рекет 2“, за кој како што велат од партијата, не смее да помине неказнето.

Словенечката „Нова 24″ ТВ, потенцира дека реномираната шведска здравствена компанија која и покрај лагите на Ден Дончев и на Венко Филипче влезе во Македонија, сега е под постојан притисок за изнуда од страна на државата откако е влезена во македонската компанија „Диамед”  – посочи денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

И двајцата и Дончев и Филипче се уште се функционери! Заев, Русковска, дали ова е потврда за месечните транши кои што завршувале кај благајник во струмичко?! Дали некој ќе одговори дали Заев, или пак можеби Русковска, дали е вистина дека шведската компанија е под притисок за рекет, како продолжение на случајот „Рекет 2″ – праша Стоилковски на денешната прес конференција.

Според проширена Кривична пријава, Ден Дончев, директор на ФЗОМ добро се знаел и ги користел услугите на Кичеец. Преку него барал да биде сопрена продажбата на приватната компанија и да се сопре влез на светски здравствен гигант во Македонија, во спротивно Кичеец во име на Ден Дончев барал половина од парите од продажбата. Поранешната сопственичка на продадената „Диамед”, Вера Иванова, тврди дека еден ден пред продажбата на компанијата на Швеѓаните, имала средба по барање на Зоран Милески Кичеец, на која тој, во името на Ден Дончев, од неа побарал половина од парите од продажбата. Епа Ден Дончев, дали сега ќе свикаш прес и ќе тврдиш дека го знаеш Кичеец „Од телевизија ли”,„од Град ли” и дека си немал контакти и соработка со него – додаде Стоилковски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7