– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

В понеделник ќе се вршат мерења на делницата Битола – Меџитлија

В понеделник, од 12:00 до 16:00 часот, ќе се вршат мерења на патот А3, делница Битола – Меџитлија, со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавното претпријатие за државни патишта.

– Постапката се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница – соопштија од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Лограње

X

Регистрација