Екс-ЈУ финале на ЕП во одбојка: За „злато“ ќе играат Словенија и Србија, Македонија совлада еден од финалистите
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/19 7:14 AM

Екс-ЈУ финале на ЕП во одбојка: За „злато“ ќе играат Словенија и Србија, Македонија совлада еден од финалистите

Во дрматичен натпревар, синоќа во Париз Србија ја совлада Франција со 3-2 и стана вториот финалист на годинашното Европско првенство во одбојка, чии домаќини првпат се четири земји. Утре, недела, од 17.30 часот ќе се игра „екс-ЈУ“ финале, во кое Србите ќе играат со Словенија, која прексиноќа ја победи Полска со 3-1.

Македонија, која првпат настапи на едно ЕП, не се пласира во осминафиналето. Нашите одбојкари на дебитанстскиот настап регистрираа три порази и две победи, од кои едната е против едниот од утрешните финалисти – Словенија, која во натпреварите по групи ја победивме во Љубљана со 3-1.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7