Зошто е добро да се јадат суви сливи?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/25/19 3:09 PM

Зошто е добро да се јадат суви сливи?

Истражувањата покажаа дека редовното консумирање суви сливи може да го намали ризикот од карцином на дебелото црево. Имено, сувите сливи поволно делуваат на цревната флора и на тој начин ги намалуваат шансите за развој на воспаление и хронични заболувања во гастроинтестиналниот тракт.

Исто така, благодарение на високата содржина на влакна, ова овошје ја зголемува ситоста и го намалува апетитот, со што на тој начин помага во превенција на дебелината, метаболичкиот синдром и дијабетесот.

Бидејќи содржи и минерал бор, сувите сливи придонесуваат за здравјето на мускулно-скелетниот систем. Во овој поглед, истражувањето покажа дека сувите сливи помагаат и во спречување на остеопорозата. Имено, се покажа дека редовната консумација по 10 сливи на ден кај жени во постменопауза може да доведе до зголемување на минералната густина на коските, со што се намалува ризикот од фрактура на коските.

Извор: denar.mk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7