ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/25/19 11:22 AM

(ВИДЕО) Велија Рамковски најавува емисија за медиумите

Во видеото на ЈУтубе, поранешниот сопственик на А1 ТВ, Велија Рамковски најави емисија во која ќе зборува за состојбата со медиумите во државата и оптимизмот за интегрирањето на Македонија во ЕУ. При тоа, во еден дел вели:

„Од 93-та година, од основањето на А1 па до денес, не можев да не размислувам за медиумите“.

„Медиумите се едни од главните фактори за развивање на демократските процеси во секоја држава“, вели Рамковски во своето обраќање.

Засега нема детали каде ќе се емитува оваа емисија, ниту дали значи дека се враќа некогашната телевизија во етерот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1