– ММС
Вести Свет Спорт Фудбал

Додека „Хајдук“ е лидер, сплитски маркет ќе ги продава јајцата за една третина поевтино

Продавница во Сплит ги продава јајцата на акција за една третина поевтино и така ќе биде се’ додека омилениот клуб на Далматинците е прв на табелата во хрватското фудбалско првенство. Во СФРЈ сплитскиот клуб често беше лидер на табелата и шампион на Југославија, но во хрватското првенство му оди тешко и одамна го загуби приматот од загрепски „Динамо“.

Затоа, сплиќани сега се многу среќни што нивните „били“ во моментот се први, а Никша Врца, сопственик на сплитски маркет, пакет од десет јајца, кој досега се продавал за 15 куни, сега го продава за 9,9.

Но, што ќе се случи ако на „Хајдук“ му тргне и со години остане на таа позиција.

„Нема да биде проблем. Нека биде така и пет, десет години… А ако стане шампион, целата стока ќе ја дадам на попуст“, вели Никша.

Семејниот дуќан успешно им работел 30 години, пишуваат хрватски медиуми.

Лограње

X

Регистрација