– ММС
Вести Македонија

Внимавајте кога купувате дрва, измамите зачестија – апелираат од СВР Штип

Пред почетокот на грејната сезона  СВР Штип апелира до граѓаните особено до постарите да бидат внимателни кога непознати лица им нудат на продажба огревни дрва за многу пониска цена од продажната.

Начинот на измама сторирителите го вршат со доаѓање во домот на постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека продаваат огревни дрва, ги наведуваат да им ги платат дрвата под изговор дека камионот со дрва е во близина и дека дрвата ќе им бидат донесени, ги земаат парите, по што заминуваат. Има и такви случаи кога непознатото лице го повикува оштетеното лице да појдат заедно да ги видат дрвата и откако доаѓаат на одредено место, непознатото лице му вели  на купувачот да почека да пристигне камионот, а тој се враќа во неговиот дом и кажува на сопругата дека се согласиле, ги зема парите и заминува. Апелираме до граѓаните сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192 – велат од полицијата.

Лограње

X

Регистрација