– ММС
Вести Македонија

Разубавено централното градско подрачје на Дојран

Граѓани на Дојран од различни возрасти, поточно од ученици до пензионери, претставници од фирми, институции и граѓански здруженија, на повик од општина Дојран учествуваа во еко акцијата за разубавување на централното градско подрачје и езерското крајбрежје.

– Акцијата ја организиравме со цел да се подигне свеста за чиста и здрава животна средина кај граѓаните од сите возрасни групи и преку сопствениот пример да покажеме грижа за заштита на животната средина во нашето блиско опкружување, рече Анго Ангов, градоначалник на општина Дојран кој беше иницијатор за одржување на еко акцијата.

Градоначалникот упати благодарност до сите учесници во еко акцијата за разубавување на централното градско подрачје и големо браво за локалното пензионерско здружение чии што членови со своето учество дадоа голем придонес во подигањето на свеста за поубав и почист Дојран.

МИА

Лограње

X

Регистрација