– ММС
Вести Македонија

Законот за стечајци на владина седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи редовна седница на која меѓу другото ќе расправа Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопшти владината прес-служба на денешната седница ќе биде разгледана информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Поддршка на воздухопловна федерација” на предлог на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје.

На предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија министрите ќе разгледаат информација за потпишување на Договор меѓу Република Северна Македонија и организаторите на EXPO Dubai 2020.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за вклучување на училиштата во иницијативата за саморефлексија при користење  дигитална технологија во образовниот процес преку употреба на алатката Selfie која веќе се употребува во 35 земји и е изработена од страна на Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC).

МИА

Лограње

X

Регистрација