– ММС
Вести Македонија

Струга без вода, гром го оштетил трансформаторот кај резервоарите

Струга и околината останаа без вода за пиење, поради оштетување од гром на трансформаторот од кој се снабдуваат со електрична енергија пумпите во селото Шум.

Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква” апелира на трпеливост кај граѓаните и да преземат мерки да имаат вода за пиење и за основните потреби до санирање на дефектот.

– Нашите екипи заедно со екипите на ЕВН Македонија се на терен и прават максимални напори да го поправат трансформаторот, кој ноќеска беше погоден од гром, за побрзо нормализирање на снабдувањето со вода на градот и околината, информираат од МЈП „Проаква” Струга.

МИА

Лограње

X

Регистрација