– ММС
Вести Македонија

Џафери во Казахстан на состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија

Претседателот на Парламентот Талат Џафери учествува на четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство”, што вчера и денеска се одржува во Нур-Султан, Казахстан. Во состав на делегацијата е и пратеникот Енес Ибрахим.

На состанокот учествуваат парламентарни делегации од шеесетина земји и 39 претседатели на национални парламенти од Европа и Азија, како и 13 меѓународни парламентарни собранија.

Се очекува на крајот од состанокот да биде усвоен финален документ со препораки за поблиска соработка меѓу државите и унапредување на дијалогот, довербата и партнерството во регионот.

По завршувањето на форумот, утре и задутре Џафери ќе претстојува во официјална посета на Казахстан, на покана од претседателот на Мажилисот на Парламентот на Република Казахстан, Нурлан Нигматулин.

МИА

Лограње

X

Регистрација