– ММС
Вести Македонија

СДСМ: Ребалансот на Буџетот ќе обезбеди повеќе пари кај граѓаните

 

Ребалансот на буџетот ги следи заложбите за враќање пари кај граѓаните, 300 милиони денари за реализација на Мој ДДВ.

Ребалансот на буџетот е во насока на заложбата на СДСМ за обезбедување на повеќе пари кај граѓаните.

Со ребалансот обезбедени се 300 милиони денари за реализација на Мој ДДВ мерка која враќа 15 отсто од платеното ДДВ назад кај граѓаните.

Со оваа мерка, за неполни три месеци, кај граѓаните се враќаат над 2,6 милиони евра.

Истовремено, непречено и неселективно се одвива повратот на ДДВ кон фирмите, кој во првите 8 месеци од годината е за 49,7 отсто повисок во однос на 2016 година.

Тоа значи дека годинава во стопанството се влезени над 17 милијарди денари.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку мерки со кои се намалуваат трошоците на граѓаните и се повеќе пари се враќаат кај граѓаните и кај семејствата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Лограње

X

Регистрација