– ММС
Вести Свет

Се сретнаа највисокиот и најнискиот човек во светот – едниот 251, другиот 54 сантиметри

Султан Косен е висок 251 сантиметар и е официјално највисок човек во светот, а Чандра Бахадур Данги со своите 54,6 сантиметри ја носи титулата најнизок човек во светот.

Се сретнаа во Лондон по повод одбележувањето на денот на Гинисовата книга на рекорди. Високиот Турчин и нискиот Непалец на средбата заедно испија чај на тревник пред Вестминистерската палата.

– Одушевен сум што го запознав највисокиот човек во светот. Бев љубопитен да видам како изгледа мојата целосна спротивност – рече 75-годишниот Данги.

Триесет и двегодишниот Косен, пак, истакна дека прво го прашал Данги колку навистина е висок и дали има проблеми со нискиот раст, признавајќи дека неговата висина му создавала здравствени проблеми.

Лограње

X

Регистрација