– ММС
Вести Свет

Поради долгови, словенечка „Адриа ервејз“ остана без два авиона

Словенечката Агенција за цивилен и воздушен сообраќај потврди дека два авиона на компанијата „Адриа ервејз“ и’ се запленети од кредиторите поради долгови. Двата авиона „бомбардиер“ веќе се избришани и од државниот регистар.

„Адриа“ во својата флота има 12 „бомбардиери“, од кои половината се земени со таканаречениот „мокар лизинг“ преку договори со други авиопревозници.

Компанијата има проблеми со доцнење и со откажани летови додека бара стратегиски партнер кој би го обезбедил неопходно потребниот капитал.

Лограње

X

Регистрација