– ММС
Вести Македонија

Спортистка од Кисела Вода со победа над Грција освои злато во Романија

На Светскиот куп одржан во Букурешт, македонската џиу џица репрезентација, претставувана од Катерина Ацевска од Кисела Вода, во категорија жени У16, +63кг освоила златен медал – соопшти општина Кисела Вода.

Ацевска златото го освоила со победа над натпреварувачката на Грција со голема резултатска разлика од 16-5.

Катерина Ацевска досега има освоено многу златни медали на домашни и меѓународни турнири. Таа активно тренира во клубот за џиу – џицу „Дан – Кју”, во фискултурната сала на ООУ „Невена Георгиева Дуња” во Кисела Вода.

 

Лограње

X

Регистрација