– ММС
Вести Македонија Спорт

„Вардар“ синоќа го победи „Металург“ и го освои Суперкупот во ракомет

Ракометарите на „Вардар“ го освија третиот пехар во Суперкупот на Македонија откако синоќа во Куманово со резултат 26:24 го совладаа составот на „Металург“.

„Вардар“ од стартот беше фаворит во мечот, а ја имаше и поддршката на кумановската публика. Со добра серија, вардарци дојдоа на висока предност од 16:10 на полувреме, разлика која Металург се мачеше да ја достигне.

Стартот на вториот дел како да влеа надеж кај „Металург“, но европските шампиони не дозволија изненадување. Иако кон крајот на средбата беше стопена разликата, сепак, „црвено-црните“ славеа со конечни 26:24.

Со по шест гола најдобри во составот на „Вардар“ беа Сергеј Горбок и Тимур Дибиров, а кај „Металург“  со пет погодоци на листата стрелци се впиша Додиќ, додека капитенот Јагуриновски впиша еден гол помалку.

Лограње

X

Регистрација