– ММС
Забава

За сè постои вистински момент: Ова е идеално време за тренинг во текот на денот

Во истражувањето учествуваа млади мажи приближно на иста возраст, тежина и физичка форма. Тие беа поделени во групи чии членови имаа задача да креваат тегови во различни периоди од денот. За време на експериментот беа измерени нивните перформанси, а на крајот беа анализирани добиените податоци.

Главниот заклучок на научната студија е дека оние кои тренирале во 18 часот, изградиле поголема мускулна маса од оние што кревале тегови пред пладне. Сепак, ова не е единствената придобивка од тренингот во овој период од денот. Откриено е и дека тренирањето во доцните попладневни часови е подобро за отстранување на маснотиите од вашето тело. Што се однесува само на силата, напредокот е еднаков кај сите групи.

Тренирањето во 18 часот дава најдобри резултати. Резултатите од оваа студија се во согласност со фактите кои ги знаеме за функционирањето на нашиот организам. Имено, нашиот метаболизам во текот на денот забавува. Ако се одлучиме да вежбаме навечер, повторно ќе дојде до негово забрзување, што е неопходно за ефикасно трошење на калории.

Се разбира, ако поради обврски не стигнувате да вежбате во 6 часот попладне, не е трагедија. Тренирањето во кое било друго време од денот сигурно ќе ви користи, само можеби за нијанса помалку.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација