– ММС
Вести Македонија

Камчев верува дека има уште еден жив сведок на убиството на момчињата кај Смилковско Езеро

Во дел од разговорите кои како доказен материјал се слушаа во судницата на денешното рочиште за предметот Монструм, се слушна разговор помеѓу екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и извесниот лице Кире Бошков во кој Јанакиески открива детали зошто бил убиен рибарот од Црешево, и вели “изгледа поради сведок” како одговор на прашањето на лицето Бошков “дали има информации во врска со убиството на децата”. Јанакиески во разговорот вели дека тоа биле мирни деца. Овој разговор се водел на 13 април 2012 година,  во 20 часот 35 минути.

Во разговорот помеѓу Јанакиески и Гордана Јанкуловска воден на 16 април  2012 година, Јанкуловска вели “во историјата на Македонија немало потешко убиство, пет убиени цивили немало ни во Прва светска војна”. За време на рочиштето се слушнаа и разговори помеѓу Ленче Самарџиска и Катерина Најдова, Оливера Трајковска и Јордан Орце Камчев. Во еден од разговорите помеѓу Трајковска и Камчев воден на 1 мај 2012 година, тој и вели дека “најверојатно има уште еден сведок жив од настaнот”.

Помеѓу разговорите во судницата беше пуштен разговор помеѓу мајката на Никола Груевски,  Нада Груевска и нејзиниот внук Влатко Мијалков, воден на 13ти април 2012 година, во кој таа вели “Немало никакви траги. Јас нешто му пратив на Сашо, ама не можам сега преку телефон, тоа е моја идеа”. Влатко Мијалков прашува дали децата биле наркомани и вели дека убиството било направено професионално.Судењето продолжува со преслушување на прислушуваните разговори.

Лограње

X

Регистрација