ММС

Објавено на: 09/18/19 10:07 AM

Кинеската „молња“ побрза од јапонскиот „куршум“: Најбрзиот воз ќе вози со 600 километри на час

Кина го претстави прототипот на најбрзиот воз на светот, таканаречениот „маглев“. Ќе може да рзвива брзина до 600 километри на час, а првите патници ќе ги прими во 2021 година, пренесуваат светски медиуми. Прототипот на ултра-брзиот воз е долг 53 метри, а го развива кинеската државна железничка компанија ЦРРЦ.

Кинескиот воз ќе биде побрз од во моментот најбрзиот – шангајскиот во Јапонија, кој достигнува брзина од 431 километар на час (во Европа „евростар“ развива брзина до 300 километри). Се забрзува со помош на магнетни сили и буквално лебди во воздухот. Производството на кинескиот супербрз воз со пет вагони ќе почне следната година. За проектот биле издвоени 3,2 милијарди јуани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.