Дете од Штип проституирано од мајката за 1000 денари
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/17/19 9:34 PM

Дете од Штип проституирано од мајката за 1000 денари

Најновиот случај што ја потресе штипската јавност е врзан за случај на девојче, кое како 11 годишно, било продадено на човек во Шведска, која била принудувана да пружа сексуални услуги. Неколку месеци подоцна, шведската полиција ја пронашла во еден од подрумите, по што била вратена дома во Штип. Меѓутоа, голготата на детето допрва почнува. Нејзината мајка го продолжила тоа што го почнал макрото од Шведска. Поради долгови кои ги имала, мајката ја „продавала“ ќерката за 1000 до 1500 денари за сексуална услуга. Тоа, според сведочењето на девојчето, траело речиси три години, се’ до неодамна, како 14-годишно, кога се одважило да пријави.

Случајот го потврдуваат во полиција, но освен потврда, од институциите нема детали. Девојчето е згрижено во сигурна куќа, каде ќе има долг процес на рехабилитација. Обвинителството спроведува истрага, која треба да потврди уште колку други малолетници се во тој ланец на проституција, каде освен мајката на девојчето е вклучен и лихвар, на кој мајката должела.

Ова е четврти поголем случај на откриен случај на деца вмешани во проституција. Пред дваесетина години актуелен беше случајот на Мадам Васка, која беше осудена за подведување на малолетнички, по што следеа и други помали случаи, од кои еден и со трагични последици.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7