ММС

Објавено на: 09/17/19 10:24 AM

Шкот пронајде викиншко богатство вредно над два милиона евра, црквата му бара дел

Шкотската црква поведе тужба против човек кој на нејзино земјиште пронашол викиншко богатство вредно два милиона фунти и го бара својот дел, пишува ББС.

Дерек Мек Ленан во 2014 година на имот на Шкотската црква со детектор за метал пронашол историски предмети од злато и сребро, а Националниот музеј на Шкотска му ги откупил за два милиона фунти.

Шкотската црква му дала на Дерек дозвола со детектор да ги пребарува нејзините поседи. Според шкотските закони, за пронајдок му се плаќа само на пронаоѓачот, а тие се разликуваат од законите во останатите делови на Велика Британија, според кои наградата се дели со сопственикот на земјиштето, пишува „Индепендент“.

Црквата тврди дека Дерек потпишал писмен договор со кој се обврзал дека ќе и’ даде половина од вредноста на она што ќе го пронајде.

„Бидејќи предметот е во судска постапка, би било непримерно во овој момент да даваме било какви подетални информации“, изјави портпаролот на Шкотската црква.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1