ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/16/19 10:10 AM

Сугаревски и Китанов: Одлично напредува изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш

Изградбата на првата од двете делници од експресниот пат Штип – Радовиш оди со одлична динамика. Утврдениот рок за нејзино завршување е до април 2021 година, но се очекува таа да биде готова порано, рече денеска на патот во изградба министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Тој додаде дека патот е од големо значење особено за 170-те илјади жители на Југоисточниот регион, за 12.000 фирми во него, за земјоделството…

– Опозицијата не’ обвинува во делот на градежната офанзива. Точно е дека градежна офанзива нема, ама во изградбата на споменици. И тоа како има голема градежна офанзива  во делот на изградба и реконструкција на патишта, во делот ма железницата, гасификацијата оди со одличен интензитет… – рече Сугаревски.

Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, истакна дека пред 1,5 година ова било само празен планински предел, а сега веќе почнало и асфалтирањето на патот.

– Се асфалтира првиот дел од пет километри, а останатиот се подготвува. Експропријацијата е 99 отсто завршена, завршени се законски неопходните археолошки испитувања, завршени се сите премостувања за ЕВН, Телеком, финансискиот обем е реализиран со 52 отсто, физичкиот со 54, земјениот со 82, мостовите со 64 отсто – нагласи Китанов.

Тој информираше и дека во евалутивна фаза е втората делница од експресниот пат – од Три Чешми до мостот на Брегалница и од Бучим до влезот на Радовиш. Истакна дека веќе бил саниран сегашниот регионален пат Штип – Радовиш во должина од 20 километри, а за еден месец тебало да заврши и рехабилитацијата на делницата од регионалниот пат Радовиш – Струмица во должина од шест километри.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1