– ММС
Вести Култура

Почна 34. издание на „Истибањско здравоживо 2019″

Фото: Архива
Со претставување на фолклорните ансамбли од Европа, Азија и Америка, во виничкото село Истибања почна Меѓународниот фестивал „Истибањско Здравоживо 2019″. Настанот го организира фолклорниот ансамбл „Китка”, чиј раководител Стојко Митковски информира дека фестивалот годинава ќе трае пет дена. Ќе заврши во среда, со концерт на плоштадот „Ангел Винички” во Виница.
„Имаме учесници од три континенти, од Азија, Европа и од Америка. Фестивалот беше отворен со традиционалното дефиле, потоа следува зажневањето на ориз, во вторник имаме фолклорен караван во Македонска Каменица, а на официјалното затворање ќе се одржи заеднички концерт на групите учеснички“, истакна Митковски.
Меѓу учесниците на „Истибањско Здравоживо 2019″ се најдоа и учесници од Израел и Украина, кои настапија со танци од својот крај.
– Доаѓаме од Украина, од мало место Славута. Групата се вика Перлинка, постоиме 22 години, а ќе се претставиме со танци и игри од нашиот регион –  рекоа гостите од Украина.
Свој настап на фестивалот имаа и претставници од Соединетите Американски Држави, кои како што информираше Беки Колтер, раководител на групата, првпат гостуваат во село Истибања.
„Истибањско Здравоживо” годинава се одржува 34. пат и финансиски е поддржан од Општина Виница.

Лограње

X

Регистрација