– ММС
Вести Македонија

Конференција: Граѓаните со телесна попреченост во источниот регион се дискриминирани на работните места

Една третина од вработените лица со физичка попреченост во источниот регион се соочуваат со дискриминација при вработувањето или на работните места, ако веќе се вработени. Неопходно е да се работи на подигање на јавната свест за да им се помогне на телесните инвалиди при остварувањето на нивните законски права. Ова е заклучокот  беше од денешната завршна конференција од проектот „Попреченоста е прашање на перцепција” што во изминатиот деветмесечен период го реализираше меѓуопштинското здружение „Мобилност” од Кочани.

„Најчеста дискриминација кон нашите членови кои се веќе вработени е тоа што наместо да се на работните места, најчесто седат дома и од платата што ја примаат, задржуваат мал дел, а остатокот како готовина им го враќаат на работодавачите. Стравот дека ќе останат и без таквиот минимален приход, не им дозволува дискриминирањето да го пријават кај надлежните органи. Психолошкиот ефект дека без работен ангажман се бескорисни и претставуваат товар за семејството и за општеството, ги става во подредена состојба за која никој не говори јавно. Со чесни исклучоци, голем дел од компаниите го користат тоа и остваруваат екстра профит, со оглед што придонесите и другите трошоци ги плаќа државата“, истакна Горан Војновски, претседател на здружението „Мобилност”.

На средбата со членовите на „Мобилност” што ги опфаќа лицата со физичка попреченост од Кочани, Виница, Делчево и Берово, беше нагласено дека актуелните законски прописи за оваа проблематика се одлични и целосно се во согласност со прописите во ЕУ, но поголем дел од работодавачите наоѓаат можности за непочитување и злоупотреба. Затоа, се неопходни постојани и сериозни контроли за почитувањето и доследното спроведување на законските одредби.

Лограње

X

Регистрација