– ММС
Вести Свет

Космонаути се подготвуваат за вселенски мисии во пештери во Словенија

Космонаути од вселенските агенции – руски Рускомос, НАСА и од канадските и јапонските вселенски агенции, деновиве се обучуваат во словенечки пештери за вселенски мисии во рамките на програмата ЦАВЕС на Европската вселенска агенција (ЕСА).

Обуката во пештерите изложува шест избрани космонаути во ситуации многу слични на вселенските летови. Космонаутите ги истражуваат и подземните системи и изведуваат научни експерименти длабоко под земјата, пренесува словенечката агенција СТА.

Во словенечките пештери, најмногу во Лепа Јама кај Кочевје, ќе останат до 20 септември. ЕСА, која ја осмислила програмата, верува дека ваквата симулација е најблиско можно опкружување што може да се најде на Земјата слично на вселенските мисии на еколошки, психолошки и на логистички план.

Лограње

X

Регистрација