– ММС
Вести Македонија Спорт

По двата пораза на ЕП, македонските одбојкари денеска со Русија, а ракометарите на „Вардар“ стартуваат во ЛШ

По завчерашниот пораз од 1-3 од Финска, македонската репрезентација во одбојка синоќа го загуби и вториот натпревар на Европското првенство. Турција не’ совлада убедливо со 3-0 (25-20, 25-23 и 25-13). Македонските одбојкари играа полошо отколку со Финска, па шансите за денешниот натпревар против се’ уште акуелниот европски првак Русија ни’ се минимални. Мечот се игра со почетокок од 17.30.

Ракометрите на „Вардар“, пак, денеска во 17.15 часот ја почнуваат битката за одбрана на титулата во европската Лига на шампиони во Франција, против „Монпеље“, европскиот првак од 2018. Битолски „Еурофарм работник“ настапите во Лигата на шампионите ги почнува утре. Во Битола (17 часот) гостува португалски „Спортинг“.

Лограње

X

Регистрација