ММС

Објавено на: 09/12/19 3:23 PM

British American Tobacco укинува 2.300 работни места ширум светот

Kомпанијата British American Tobacco – BAT најави укинување на 2.300 работни места ширум светот за да се сменат промените во навиките на потрошувачите и поголем број корисници на електронските цигари.

BAT, една од најголемите компании во секторот тутунска индустрија, забележува пад на традиционалната продажба на цигари.

Како што беше најавено, планот за реструктуирање ќе биде комплетиран до јануари 2020 година.

Оваа мерка на компанијата ќе и овозможи да оствари планиран промет од пет милијарди фунти до 2023-2024 година на новите производи.

Извор: denar.mk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.