ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/12/19 12:37 PM

Ќе се јакнат капацитетите за деинституционализација и на развој на социјални услуги во заедниците

Поддршка на долгорочна и одржлива вклученост на лицата со посебни потреби како рамноправни и активни граѓани во заедниците и општеството, преку поддршка на Министерството за труд и социјална политика во имплементација на Законот за социјална заштита и изработка на подзаконски акти за процесот на деинституционализација, но и јакнење на институционалините капацитети на централно и локално ниво, поттикнување соработка со граѓанскиот центар и развој на социјални сервиси има за цел проектот „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги” што се спроведува во земјава со поддршка на ЕУ.

Преку проектот треба се овозможи развој на социјални услуги за лицата со попреченост, во рамки на заедниците каде живеат, и намалување на бројот на деца и возрасни кои се сместени во институции за социјална заштита. Овој процес во Македонија е во тек и, како што појасни денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во изминатите 2,5 години 75 отсто од децата се извадени надвор од институциите. Останува рече до крајот на годинава да се транформира домот за доенчиња во Битола.

-Овој процес не само што помага во унапредувањето на правата и квалитетот на живот на лицата со попреченост, туку создава и општество кое е отворено и еднакво за сите, кое ги нуди услугите за сите наши граѓани без да ги издвојува во посебни институции кои се изолирани места, рече Царовска обраќајќи се на презентацијата на проектот во Дневниот центар за Даунов синдром во Скопје.

Софи Беамонт од ЕУ истакна дека на ваков начин Европската Унија сака да ги поддржи заложбите на Владата за процесот на деинституциоализација, со кој ќе им овозможи на лицата со попреченост активен и квалитетен живот во заедницата. Она на што треба да се работи, покрај јакнење на капацитетите и развој на услуги, е мониторирање на процесот во кој ќе бидат вклучени и граѓанските организации.

Роберт Кроис, тим лидер на проектот, истакна дека за реализација на овој проект има потреба од искрена заложба, што, како што рече веќе ја има од централната власт, но и од локалните заедници кои треба да се вклучат во креирање социјални услуги на своите територии, што како што рече, е поголем предизвик.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, очекува дека проектот ќе овозможи создацање кавлитетни процедури и протоколи, кои пак во иднина на единиците на локалните самоуправи ќе им помогнат во спроведувањето на процесот на децентрализацијата и преземање на надлежности.

Во истовреме, додаде, ќе овозможи, спремни да го пречекаме преземањето и да работиме заедно со заедницата да ги вклучиме и граѓаните во заедницата, затоа што, како што рече, од овие лица може да се научи да се како биде подобар човек. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7