– ММС
Вести Свет

БиХ: Ќе ја сопреме хрватската полиција на границата по цена и да дојде до судир

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, повторно ја обвини хрватската полиција дека илегално влегува на теритоијата на БиХ за да враќа илегални мигранти и се закани дека тоа ќе се спречи по секоја цена.

„Тоа значи дека ќе застанеме на нашата граница. Не и’ дозволуваме на ниту една странска воена или полициска сила да влегува внатре во БиХ. Во согласност со Уставот и законите на БиХ, ние сме должни да го заштитиме територијалниот интегритет. Ние сме на границата, Не можеме само мирно да стоиме и да гледаме. И’ порачувам на хрватката страна – ќе го сопреме тоа и по цена на конфликт“, рекол Мектиќ за регионаната телевизија Н1.

Кога е во прашање источната граница на БиХ, пак, тој нагласил дека не биле забележани такви преминувања од Србија и од Црна Гора.

Лограње

X

Регистрација